×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Размислување на глас: Како да си го купам дворот?!

    18.12.2010 11:17 | KumanovoNews

    Вие, од Владата, пратете некој од армијата чиновници на државната администрација што седат дома а примаат плата нека дојде да ги разјасни дилемите на станарите околу откупот на дворовите.  

    Размислување на глас: Како да си го купам дворот?!

      „Катаден од телевизискиот екран Владата ме потсетува дека треба веќе да си го откупам дворот по цена од едно евро квадратен метар. Да сум го сторел тоа, бидејќи уште малку време  останувало и дека сега е вистински момент, како добар домакин, да не сум ги оставел децата без двор„ - се туфка еден граѓанин во маалското продавниче во кое пазари секој ден.

    Им објаснува на своите пријатели дека живее во стан и дека во станбената зграда со триесеттина домаќинства аберот од ресорното министерство е постојана тема на разговор меѓу соседите. Опозицијата тврди дека и овој ТВ спот, како впрочем и целата спотоманија на Владата е гола вода, перење пари, арач за полнење на буџетот, заплашување на народот, и сл. Арно ама мнозинството народ, иако осиромашен и уплашен, сеуште си ја сака Владата (барем така тврдат сите нејзини мегафони)  и се турка на сите шалтери преку кои се полни буџетот. Граѓанинот од почетокот на оваа сторија, кој се жали на катадневното потсетување да си го (от)купи дворот, го преокупираат еден куп дилеми: кој двор да го купува со оглед дека живее во колективна станбена зграда, колку квадрати му следуваат пред и зад зградата, може ли да си го огради својот дел откако ќе го купи, што ќе прави потоа со сопственото парче асвалт пред или зад зградата, може ли на сопствените пет или десет квадрати да си отвори дуќанче?...

    Според некое намерно или случајно решение ,,дворното место‘‘ пред зградата на дотичниов  граѓанин е и слободен премин по кој сообраќаат, покрај лесни, и тешки моторни возила, градежни машини и слично. „Може ли утре ние, станарите, на сите други коорисници на „нашиот заеднички двор„ да им наплаќаме некаква баждарина или патарина„? - гласно размислува кандидатот за откуп на својот дел од дворот што, види чудо, еднаш  платен сега повторно мора да се плаќа. Мора зашто ако не го купиш сега по едно евро од квадрат утре ќе го купуваш десетпати поскапо ! И, аман бре Вие, од Владата, пратете некој од армијата чиновници на државната администрација што седат дома а примаат плата нека дојде пред зградата на овој граѓанин и нека им ги разјасни дилемите на станарите околу откупот на дворовите.   

    Столе Божиновски