Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во врска со насловот во Вашиот медиум: „Пролетно разубавување на Пелинце од младите на СДСМ“, најпрво би сакале да им се заблагодариме на градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски со неговите сопартијци за “големото“ ангажирањето во разубавувањето на територијата на Општина Старо Нагоричане.
Како што знаете Пелинце се наоѓа на територија на Општина Старо Нагоричане, но градоначалникот Зоран Дамјановски е како „освојувач“, сака да освојува територии околу него, па затоа и во текстот го нарекува „наш бисер на природата“.
Дел од комплесот Меморијален и рекреативен центар „Пелинце“, т.е. кафеаната и објектот за сместување е доделен на Општина Куманово од Владата на СДСМ, и тогашниот премиер во заминување Владо Бучковски! И тогаш реагираа жителите на Општина Старо Нагоричане, под мото „Кумановци оставете нешто и за нас“, но немаше слух од тогашната Влада на СДСМ!
Градоначалникот на најголемата општина во РМ, Зоран Дамјановски, со оглед на тоа што го исчисти својот двор, ГРАДОТ КУМАНОВО (на пр. Кумановска бања, река Кумановка, Градскиот парк и многу други), сега има амбиции да ги среди по примерот на Куманово и соседните општини. Им препорачуваме на соседните општини да си го повикаат големиот комуналец со своите СДСМ-овци да им ги среди општините како што е среден и градот Куманово. Исто така, со оваа известување сакаме да им укажеме на граѓаните на Куманово каде и како градоначалникот ги троши нивните пари, во други општини во кампања на СДСМ. Зошто не ги повика сите млади од Куманово за помош на Општина Старо Нагоричане, а не само СДСМ-овците? Му благодариме на градоначалникот што се грижи за нашата Општина, но локалната самоуправа Старо Нагоричане доби средства од Влада на РМ за расчистување на речното корито на река Пчиња и само оваа Влада досега имаше слух за Општина Старо Нагоричане!, се вели во реакцијата што ја испрати градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ.