Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски ќе биде шеф на Регионалниот штаб на изборната единица два, додека секретарот Оливер Спасовски ќе го води општинскиот изборен штаб во Куманово.
Овие високи изборни функции, првите луѓе на Општината ги добиле од СДСМ, како резултат на нивниот рејтинг кај народот и влијанието во партијата, велат партиски извори.
Седиштето на изборниот штаб на двојка ќе биде во Куманово, а под него спаѓаат и опшините Старо Нагоричане, Липково, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Гази Баба, Бутел, Чаир, Чучер- Сандево и Арачиново. Куманово за првпат е седиште на регионален штаб за целата изборна единица, а при тоа ќе го води кумановец. Тоа значи дека и на овие избори се очекува СДСМ да го задржи приматот кај гласачите од локалните избори- тврди нашиот извор.