Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Управата за јавни приходи организира обуки на земјоделците, каде ќе им ја објаснат постапката како да се регистрираат и да поднесат барање за паушално одданочување.
Првата обука се одржа денеска во Општината Липково, наредната е на 29 ноември во Општината Старо Нагоричане и на 13 декември во Центарот за култура во Куманово. Паушално оданочување на приходите остварени од вршење на земјоделска дејност е воведено од 1 јануари 2009 година.
Постапката за регистрација е едноставна Доколку во 2011 година земјоделецот остварил вкупен приход до 1.300.000 илјади денари, единствено што треба да направи е да поднесе барање за паушално плаќање на персоналниот данок (образец “ПДД-ПЗ“) и пријава за регистрација (образец “УЈП-РДО/З“), најдоцна до 31 декември до УЈП. Земјоделецот пак кој во 2009 или 2010 година се регистрирал во УЈП, оваа година треба да поднесе само барање за паушално оданочување.Доколку земјоделието е негова основна дејност и доколку остварил годишен приход до 300 илјади денари, тој е ослободен од плаќање на персонален данок, односно до овој износ неговите приходи нема да се оданочат, но обврската за поднесување на барањето останува. На граѓанинот чија основна дејност е земјоделие и кој остварил приходи поголеми од 300.000, а помали од 1.300.000 денари,признатите трошоци изнесуваат 80% и ќе му биде пресметан данок само на 20% од приходот.Ако граѓанинот земјоделската дејност ја обавува како дополнително занимање, во тој случај нема ослободување од обврската за оданочување на остварениот приход до 300.000 денари, туку на остварениот приход до 1.300.000 денари се признаваат нормирани трошоци од 80% или се оданочува само 20% од остварениот приход. Даночната основа за пресметка на данокот претставува разлика помеѓу остварениот вкупен приход(освен субвенциите) и признатите нормирани трошоци. Би потенцирала дека сите кои поседуваат земјоделски имот, а не остваруваат никаков приход од него треба да ја запазат постапката за регистрација и да поднесат Барање или Пријава, во зависност дали се регистрирани или не, а УЈП нема да ги задолжи со плаќање на данок. Исто така, граѓаните кои вршеле продажба на сопствени земјоделски производи во некои од откупните центри, приходите кои им биле исплатени треба да ги пријават во Барањето за паушално оданочување заедно со останатите приходи оствaрени од вршење на земјоделска дејност- вели Сузана Стошевска Николовска, координатор на УЈП Куманово.