Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Љубомир Ѓурчески ќе раководи со Кумановската полиција и во наредниот период. Началникот е реизбран на функцијата на интерен конкурс на МВР со мандат од 4 години.
Основна задача во наредниот период ќе биде да се задржи и подобри нивото на откривачката функција во делот на криминалитетот, вкупната безбедност во соораќајот во градот, превентивни активности во употребата на дрогата во основните и средни училишта. Исто така ќе бидам среќен ако го задржиме нивото на откривање на крвните деликти, кој мината година изнесуваше 98 одсто. Само едно од сторените убиства остана не разјаснето, а тоа е убиството на дилерот на девизи во Бавчи.Ќе се работи и на подобрување на просторните услови за работа и кадровската екипираност на управните служби, кои што директно ги засегаат граѓаните- вели Ѓурчески.
Тој повтори дека при посетата на СВР Куманово министерката ветила дека ќе се најдат сретства за таа намена.