×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реизбран претседателот на хрватската заедница во Куманово

    07.02.2011 12:31 | KumanovoNews

    Јаков Ламбаша е реизбран за претседател на кумановскиот огранок на Заедницата на Хрвати во Република Македонија, на редовното собрание што викендов се одржа во Центарот за култура.

    Реизбран претседателот на хрватската заедница во Куманово

    На собранието беа сумирани резултатите во изминатата година и поднесен извештај за материјално-финансиското работење на огранокот. При тоа беше Истакнато дека огранокот наиде на подршка од градоначалникот, а најголем успех на огранокот е изучувањето на хрватскиот јазик, историја и култура со децата од хрватско потекло. Учеството на меѓународниот натпревар во Риека каде Кристијан Стојковски освои втора награда. Огранокот има своја веб страна зхрмку.орг.мк, а се вклучи, и во Асоцијацијата на НВО. На собранието беше предложен е и усвоен и план за работа за 2011 година. Следната активност на огранокот е организирање на изложба на фотографии на мр. Влахо Бранѓолица на 17. 02. 2011 година во Центарот за културата во Куманово.

    На собранието присуствуваа повеќе гости,меѓу кои ополномоштениот министер и вршител на должноста амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија др. Стјепан Глас, представници од католицката црква од Скопје и Куманово и представници на Асоцијацијата на невладини организации од Куманово.