×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реката ништо не ја спасува ?

    21.03.2011 13:16 | KumanovoNews

    Регулацијата на речното корито се направи за превентива од поплави, а се уреди за шетање, одмор и рекреација, па дај да се стегнеме и да се справиме со напасниците кои реката и натаму ја користат за депонија.

    Реката ништо не ја спасува ?

     ,,На секој чекор да поставам по еден комунален инспектор да ја брани реката од несовесни граѓани - не вреди. Останува само да чекаме да порасне личната култура и свеста кај луѓето за цивилизациски однос кон непосредната околинаа,а за тоа треба бајаги време‘‘.

    Вака одговара градоначалникот Зоран Дамјановски кога му се поставуваат прашања како да се брани реката од несовесни и невоспитани луѓе кои, не е претерано да се рече, злосторнички се однесуваат кон заедничкиот простор за живеење за чие уредување сите плаќаме. Па добро бре наши сограѓани, мајка му стара, та нели на сета наша сиромаштија вложивме тешки милиони евра за уредување на речното корито, нели сите ја пофаливме локалната власт за иницијативата и сите се гордееме со амбиентот направен покрај реката. Ни остана само малку свест и култура уреденото да го чуваме и одржуваме. Регулацијата на речното корито ја направивме за превентива од поплави и ја уредивме за шетање, одмор и рекреација, па дај да се стегнеме и да се справиме со напасниците кои реката и натаму ја користат за депонија. Кои се тие луѓе што мислат дека на се‘ што веќе е за на депонија (шпорет, душек, јорган, черга, пцовисано животно) местото му е во реката. Ако инспекцијата не ги знае (или не сака да ги ,,лови‘‘) јас ќе и‘ кажам: тоа се нашите сограѓани со куќи покрај самата река! Никој не влече отпад од Соколана до Средорек или Бедиње. Не велам дека градоначалникот лаже, ама не е точно дека сто полицајци не би можеле да се справат со загадувачите на реката. Да сум член на Советот на Општината јас би поставил вакво советничко прашање: колку казнени пријави имаат поднесено комуналните полицајци? Ако ги има, зашто граѓаните такви не виделе покрај шеталиштата (униформирани и прописно означени). Во која тоа држава од ценетата демократска ЕУ не се казнуваат непочитувачите на  законите за екологија?  Само немој некој да ми каже дека таму умот на луѓето им дошол тукутака, им паднал од небото и оп - право во главата. Туку, да не се занесуваме. Живееме во оваа држава, и‘ плаќаме даноци и бараме да функционира за се‘ па и да ни ја штити животната средина. Како? Нејзина работа си е ! Како што може дебело да казнува за затаен данок - така нека си чини чаре и за екологијата.