Заврши реконструкцијата на патот Оризари - Слупчане, вредна 650.000 евра
23.01.2026 18:42
| KumanovoNews
Заврши реконструкцијата на локалниот пат од селата Оризари до Слупчане, во Општина Липково.
„Со успешно завршување на проектот за реконструкција на локалниот пат помеѓу селата Оризари и Слупчане, целосно е обновена патната инфраструктура со нов асфалт, рабници и санација на оштетените делови. Проектот овозможува долготрајна стабилност, зголемена безбедност во сообраќајот и подобрена поврзаност помеѓу населените места“, соопшти Владата.
Инвестицијата изнесува 40.200.455 денари или 650.000 евра е обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт и врски.