Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Работна група составена од преставници на повеќе вери и религии, на граѓанскиот сектор, советници и културни и јавни работници и новинари денеска обиколија верски објекти на три религии кои функционираат на подрачјето на Општината Куманово и се запознаа со делови од суштината на религиското верување во Бога во светот и кај нас.
Најпрвин беше посетен кумановскиот храм на христијаните - Црквата ,,Свети Никола‘‘ и нејзината галерија на икони, а потоа следуваше гостувањето во новоизградената Протестантска црква во месноста „Гладно поле„. Тука, благодарение на пасторот на кумановските протестанти Сашо Георгиевски гостите поминаа час и половина уживајќи во неговата учена беседа за историскиот контекст на протестантизмот во Европа и во светот штој е во голем подем и моментно има 600 милиони поклоници на три континенти. Најдоминантната црква во христијанството и натаму е Римокатоличката со 900 милиони поклоници, а на трето место доаѓа Православието со 250 милиони верници. На крајот групата претстојуваше и во кумановската стара џамија ,,Синан Татар Паша‘‘ каде беа почестени со пригодна беседа ( ,,Дерс‘‘) за основите на Исламот од страна на Оџата Садула Абдулахи.
Несекојдневната посета беше во организација на Центарот за меѓукултурен дијалог - Куманово, во контекст на проектот ,,Активно граѓанство за меѓуетничка соработка‘‘ поддржан од страна УНДП во рамкте на заедничката програма на Обединетите нации.