Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Народниот театар Куманово утревечер ќе се игра претставата “Вештерките од Салем“ проект на Албанска драма при НЦУК “Трајко Прокопиев“.
Во петок ќе биде изведена претставата “Тања, Тања“ во режија на Александар Ивановски, а настапуваат актерите: Александра Пешевска, Антонио Димитриевски, Јасмина Василева, Стефанија Зисовска, Мирослав Петковиќ, Мартин Лазаревски, Марко Трајковиќ и Сашко Костов, музичар и гостин во претставата. “Тања, Тања“ кумановци ќе можат да ја погледнат и следната сабота.
Во сабота ќе се игра “Нажалена фамилија“ во режија на Драгана Милошевска Попова, гости се Суперхикс. Во претставата учествуваат: Кети Дончевска Илиќ и Горан Илиќ, Димитрија Доксевски, Марјана Ристов, Владимир Дојчиновски и други. Претствата ќе се прикажува повторно следниот петок.
Театарот на народности, Албанска драма ќе гостува на 13 месецов со претставата “Пари, пари“.
Сите претстави почнуваат во 20 часот.