×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Родители бараат одговорност од лекари за смртта на нивниот син

    15.09.2010 16:05 | KumanovoNews

     Семејството Златановски од село Клечовце обвинува дека поради лекарска негрижа утринава починал нивниот 15 годишен син Никола, болен од целебрална парализа.

    Родители бараат одговорност од лекари за смртта на нивниот син

     Родителите синоќа пред полноќ го однеле детето во Ургентниот центар Куманово со болки во градите, забрзана работа на срцето и малаксаност. Дежурниот лекар го прегледал и го вратил дома, по што состојбата му се влошила.  Околу 5 часот со возило на Брза помош го пренеле на Инфективнато одделение во кумановската болница,но било доцна момчето да се спаси.

    Го однесовме во 23.30 часот во Ургентен центар, докторот го преслуша и рече дека нема ништо на белите дробови. Детето му кажуваше дека не се чувствува добро, срцето му чука многу силно, а тој ни препиша амоксиклав и бедоксин. Го замолив да му дадат инфузија да го освежат, но тој ми рече дека нема кој да му ја вклучи. Кога дојдовеме дома детето почна да малаксува и неколку пати викавме брза помош, а тие по телефон не учеа да му дадеме апаурин. Им објаснив дека детето претходно повраќаше од него и нема ефект. Дојдоа откако се скаравме со нив во 4.30 часот наутро. Го донесоа во болницата и му вклучија инфузија и додека да дојде интернистот тој престана да зборува и почина- раскажува и плаче мајката Анкица Златановска.

    Потресени и во шок што го изгубиле единственото дете, родителите вината за смртта на  ја гледаат во лекарот во Ургентниот центар кој не го сместил во болница, а при тоа ни прегледот што го извршил не го завеле во здравствената книга. Им останале само препишаните рецепти, како доказ дека барале помош за своето болно дете.

    Неспособни доктори инфузија да уклучат. Верувајте незнаат ни македонски да зборуваат, неможевме да се разбереме, ние едно кажуваме, а тој сосема трета дијагноза дава - вели таткото Перица.

     Од Брза помош велат дека тие немаат одговорност во случајот, бидејќи детето било прегледано и имало препишана терапија, а тие го транспортирале до болницата кога им се ослободило единственото возило што го имаат. Според нив вината треба да се бара во Ургентниот центар зошто детето веднаш не било сместено на болница.

    Станува збор за дете од 15 годишна возраст донесено во релативно, не толку тешка здравствена состојба, кое претходно имало здравствени проблеми и веднаш му била дадена терапија, по што му станува полошо, и за жал и по наша интервенција настапува смрт. Децата со ваква болест церебрална парализа имаат краток век на живеење, но поради природата на болеста поврзаноста на родителите и децата е голема, па бурно и реагираат - рече Валентина Џартовска, началничка на инфективното одделение.  

     Телото на детето не е предадено на обдукција, бидејќи семејството нема пари да ја плати.

    Никола годинава завршил осмо одделение и бил одличен ученик. Освен парализа немал други здравствени проблеми и неговите родители секојневно го носеле на училиште за да присуствува на настава.За да ја победат тешката болест Златановски го продале целиот имот и сега живејат под кирија. Двајцата се невработени и го гледале детето со 1800 денари социјална помош.