×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Руфи Османи ги промовираше кандидатите за градоначалници

    16.03.2013 15:55 | KumanovoNews

    Лидерот на Национална демократска преродба, Руфи Османи, попладнево пред своите членови и симпатизери ги промовираше кандидатите за градоначалници Фатри Салиу за Куманово и Елхам Адеми  за Липково.

    Руфи Османи ги промовираше кандидатите за градоначалници

     Османи вели дека на сите градови им недостига парична поддршка од власта која води негативна политика кон опозициските Општини.

    Имам чест да ги промовирам кандидатите за општините Куманово и Липково. Имаме многу квалитетни кадри, многу содржајна програма. Искуството кое јас го имам применето во Општина Гостивар, како едно од најквалитените, најреформаторските во Република Македонија ќе се даде како понуда и во Советот на Општина Куманово. Тие програми, тие идеи, особено тие фондови што јас успеав да ги добијам од Светска банка, Американска банка, Швајцарска банка се вистински извор на финансирање на проекти за надминување на голем број на проблеми од инфраструктура, образование, урбанизам. Ние дефинитивно во овие региони Куманово и Липково ќе бидеме најгласана политичка партија. Ќе земеме глас од сите граѓани на овие Општини - изјави Османи.

    Фатри Салиу, кандидат за градоначалник за Куманово планира да изгради обиколница со што ќе се надмине сообраќајниот хаос. Тој вели дека граѓаните се апатични бидејќи политичарите им нудат нереални проекти.

    Акцентот ќе биде ставен на економскиот дел. Таа состојба ја знаеме. Со тоа сите граѓани ќе можат рамноправно да го почувствуваат партиципирањето во државата. Наши приоритети за Куманово ќе бидат решавање на инфраструктурни проблеми со кои се соочуваме подолго време. Ќе се ангажираме за поквалитетно школство. Тука лежи идината за вредностите кои треба да се постават на цврсти темели. Имаме проект да се поврзе Куманово на една обиколница која ќе биде многу функционална за сите луѓе. Со тоа сообраќајот ќе биде многу порастеретен, ќе биде еколошки почисто - вели Салиу.

    Од оваа партија објаснуваат дека имаат најдобри проекти и затоа не сакаат да настапат со заедничка советничка листа вклучувајќи ги и другите албански партии.