Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од вкупно 180 заменски наставници кои се појавиле во училиштата, дури 80 биле несоодветни за да почнат со работа во воспитно - образовниот процес.
За сите дилеми кои постојат околу започнувањето на работата на заменските наставници, испратен е допис до Министерството за образование.
Званичната бројка на лица кои се побарани е 1365, од Агенција за вработување се пратени списоци за 259, и од нив 180 се појавиле во училиштата. Од тие 180 наставници кои се примени кај директорите, констатирано е дека 80 се несоодветни, има пречки зaради кои не може да се вклучат во настава. Побаран е одговор од Министерството за финансии како овие заменски наставници ќе се плаќаат - рече Жика Крстевски од сектор за образование во општина Куманово.
Од Центарот за вработување Куманово потврдуваат дека дел од наставниците биле несоодветни.
Добивме повратни информации од училиштата дека некои од заменските наставници се несоодветни. Чекаме насоки за понатаму од Министерството за образование, додека за Липково многу тешко оди бидејќи нема доволен број на кадри кои се со албански наставен јазик - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
Дури и ако бидат најдени поголем број на заменски наставници, наставата нема да започне додека учениците не дојдат на часови.