×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДММ: Парите за базенот отидоа во државниот буџет

    06.02.2014 14:02 | KumanovoNews

     Младите од СДСМ денеска на прес - конференција од пред Судот одговорија на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за спората изградба на Градскиот базен.

    СДММ: Парите за базенот отидоа во државниот буџет

    При тоа потсетија дека општината плаќа оштета за одземено земјиште веќе година дена, а истите пари одат во државниот буџет и власта ги злоупотребува.

    - Градоначалникот Дамјановски со сиот свој личен кредибилитет се обидува граѓаните на Куманово да не ја почувствуваат тенденциозната блокада за спор стар 25 години, поставена од страна на власта со цел да се оневозможи работата на општината. Се надеваме дека сметката од месец мај ќе биде одблокирана, тужбата односно казната што треба да ја платат граѓаните на град Куманово ќе биде исплатена, со што ќе продолжи и процесот на реализација на предвидените проекти според динамиката предвидена од страна на градоначалникот Дамјановски и Општина Куманово - вели Мартин Захариев, портпарол на СДММ Куманово.

    Тој ги повика членовите на ВМРО - ДПМНЕ кај нивниот лидер и премиер Никола Груевски да издејствуваат некаков владин проект во Куманово бидејќи како што велат и кумановци плаќаат данок, а не виделе ништо направено со буџетски пари.