Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оваа година Втори август се претвори во партиски наместо во народен собир. Знамиња, транспаренти, партиски војници „вооружени“ со партиски реквизити...
исвиркување на опозицијата и говори на партиските лидери со реторика својствена на диктаторски режим - рече Дарко Станоејковски портпарол на ОО СДСМ на денешната пресс-конфернција, по повод неодамнешната прослава на Илинден.
Од огранокот сметаат дека по прославата на Илинден се наметнало прашањето за нивото на политичка култура на политички врв во земјата, бидејќи Втори Август се славел во поранешна Југославија и сега во самостојна Македонија како празник на сите граѓани, без разлика на национална, верска, а најмалку политичка припадност.
Можеби во Пелинце не беше толку впечатлива партиската обоеност, но се забележуваше дека на луѓето им е доста од едни исти партиски говори и дека многу поубаво ќе им беше ако празникот го поминеа со семејството и пријателите на богата празнична трпеза, незачинета со празни ветувања. Ако сакаме во Европа, треба да размислуваме и да се однесуваме европски,бидејќи сите сме луѓе со еднакви права за достоинствен живот- изјави Станојковски.
Тој јавно ги праша организаторите на прославите дали бесплатниот превоз е привилегија само на партиските војници, кои однапред се пријавиле?
Бесплатниот автобуски превоз, во рамките на нашите скромни можности беше јавно соопштен преку медиуми, без ограничувања и без партиско легитимирање. Се возеа Македонци, Албанци, Срби, гости од Скопје, Србија, Канада. Треба ли подобар доказ дека не сме социјал демократи само по вокација, туку и на дело ? Кумановци тоа добро го знаат, а верувам дека и на цела Македонија веќе и е јасно - со говор на омраза не се гради демократска држава - заврши Станојковски.