Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на СДСМ, во саботата на седница на Извршен одбор ја состави листата на кандидати за пратеници во Изборна единица 2.
Како што неофицијално дознаваме на списокот се наоѓаат: претседателката на огранокот Снежана Захариева, секретарот Мартин Костовски, претседателот на младите Младен Давидовиќ, секретарот на Oпштината Оливер Спасовски, претседателот на Советот Виктор Цветковски, директорите на јавните претпријатија „Чистота и зеленило„ и „Водовод„ Сашо Петрушевски и Виктор Божиновски и ревизорката Валентина Алексовска. На седницата било побарано листата да се прошири со уште една жена, но не било прифатено.
Оваа листа треба да биде потврдена утре на партиска конференција во 19 часот, кога делегатите ќе ги потврдат или отфрлат кандидатурите. Конечниот филтер ќе го направи централата на партијата. Куманово на овие избори очекува тројца кандидати за пратеници во првите десет. Како носител на листата се споменува и градоначалникот Зоран Дамјановски кој ужива голема подршка кај гласачите, според последните анкети.