Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На изборна конференција синоќа СДСМ Куманово ја донесе листата на кандидати за пратеници во Изборна единица 2. Предлог листата ќе биде проследена до Скопје, а ќе ја разгледува Централниот одбор по што ќе се одреди конечниот број на кандидати што ќе се најдат на пратеничката листа.
Листата е затворена со 8 кандидати, кои едногласно беше подржана од делегатите присутни на конференцијата, која помина во свечен амбиент. На листа се Оливер Спасовски,Виктор Божиновски,Сашо Петрушевски,Виктор Цветковски,Снежана Захариева, Валентина Алексовска,Мартин Костовски и Младен Давидовиќ. Изборот на кандидатите е извршен врз основа на предходна сондажа, утвредена со теренска анкета, која покажа дека овие луѓе имаат најдобар рејтинг во партијата и меѓу граѓаните- вели портпаролот Дарко Станојковски.
Кумановските социјадемократи на овие избори очекува повеќе добитни места за пратеници од предходните избори. Како носител на листата во изборната единица два се споменува и градоначалникот Зоран Дамјановски.