Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На сите граѓани од српска националност, општинската организација СДСМ им го честита прославувањето на денот на првиот српски архиепископ, светител и просветител Свети Сава.
Ви посакуваме овој празник да го прославите во мир, верба и љубов. Свети Сава се смета за родоначелник на српската средновековна книжевност, па поради тоа е и заштитник на просветните институции. Ваквите празници е потребно да ги негуваме и одбележуваме, и истите да не поттикнуваат на зближување и почитување - вели Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.
Денеска е неработен ден за припадниците на српската етничка заедница во Македонија.