×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Власта создаде хаос во кумановското образование

    06.09.2010 12:12 | KumanovoNews

     Општинската организација на СДСМ денеска ја обвини Владата дека  со своите непромислени проекти и експерименти прави хаос во образованието.

    СДСМ: Власта создаде хаос во кумановското образование

     Како пример ги  посочи преобемните наставни програми,големиот број предмети, експерименти со нови предмети, немањето учебници поради што учениците не се во состојба физички ни психички да издржат,  додека пак наставниците се под постојан притисок дека ќе ја изгубат работата.

    Министерството за образование и наука и проектите кои истото ги финансира ја заобиколуваат општина Куманово поради лесно препознатливи причини. Доказ за ваквите тврдења се, на пример, недостаток од интервенции на спортските терени пред училиштата, а не пак изградба на ветените спортски сали во сите училишта во Куманово, со исклучок на салата во ОУ „Магдалена Антова“ чија градба и пуштање во употреба беа следени со бројни пречки и ограничувања од централната власт. Да ги потсетиме претставниците на Министерството за образование и за другите инфраструктурни потреби на училиштата- рече портпаролот Слаѓан Спасовски.

    Според Спасовски во  општина Старо Нагоричане царува непотизмот и неквалитетот при вработувањето во образованието по роднински врски.

    Состојбата е потрагична бидејќи се отпуштаат од работа вработени кои совесно си ја вршеле својата работа, но единствен недостаток им е тоа што не се блиски со гарнитурата на власт во Старо Нагоричане. Тие се заменети со кадри кои можеби исто се квалитетни, но и многу се блиски, по партиска и роднинска врска  до раководството на Општината. Дали ова не е поигрување со лични човечки несреќи и судбини?- праша Спасовски.