×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги уназадува институциите со партиски војници

    10.03.2011 12:31 | KumanovoNews

    Од СДСМ денеска на прес конференција ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека вработува партиски луѓе, додека ја замајува јавноста со дезинформации за нивната кадрова политика.

    СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги уназадува институциите со партиски војници

    Од партијата објавија список на институции што се под раководство на централната власт, каде во изминатиот период се вработени 187 лица, исклучиво по партиски и роднински врски.

     Од 26 нови вработени во Mузејот, 10 се обезбедувачи. Ајде некој нека ми ја објасни потребата од ангажирање на 10 обезбедувачи, вработени во Националната Установа Музеј - Куманово? Дали овие обезбедувачи ќе ги обезбедуваат спомениците од проектот „Скопје 2014„ за да не кородираат пред време, или пак реално се потребни на Музејот?  Листата продолжува со вработувања и тоа : две во Агенцијата за помагање на земјоделието , 5 во Биро за вработување , 3 во Министерството за финансии, 5 во Министерство за труд и социјална политика, 6 во УЈП, 12 нови вработувања во МЗО ФЗО , 7 во Фондот на ПИОМ, 14 во Здравствеен Дом Куманово,5 во Центар за јавно здравје , дури 30 нови вработувања во Центарот за Социјални работи (за поажурно бришење на социјалните случаи доколку оставриле надница од некоја амалска работа во текот на изминатата година), и на крај за подобрување на услугите во здравството ангажирани се дури 72 нови лица во Општата болница во Куманово. Со вакви чекори ги уназадувате институциите кои треба да ги задоволуваат потребите на граѓаните, а не да бидат место за финансиско згрижување на вашите војници- рече Дарко Станојковски, портпралот на СДСМ.

     Тој побара објаснување од ВМРО-ДПМНЕ по кој основ се вработуваат овие луѓе, и дали тоа го прават на сметка на набрканите работници кои немаат партиска книшка.