Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од партијата не го кријат задоволството што им се приклучиле нови членови од кои дел за првпат се зачленуваат во политичка партија, додека дел се откажале од други партии и ја прифатиле нивната програма..
СДСМ синоќа подели 400 партиски книшки на нови членови. Од партијата не го кријат задоволството што им се приклучиле голем број на нови членови од кои дел за првпат се зачленуваат во политичка партија, дел се откажале од други партии и ја прифатиле програмата што ја нудат тие.
Ова е свечен ден за нас, но истовремено и голема одговорности. Луѓето што се приклучуваат на нашата партија се со нови надежи и очекувања од нас, а од друга страна се потикнати на ваков чекор од очајот кој го создаде Владата. Оваа стана тренд не само во Куманово, туку и низ други градови во Македонија и е доказ дека луѓето ја враќаат вербата во СДСМ која се надеваме дека конечно ќе ја спаси државата од непогодата што се нарекува ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ нуди нов концепт за развој на нашата земја, а со предизборната програма ќе излеземе со поконкретни решенија како да ја вратиме Македонија кон НАТО интеграциите, така да се надеваме дека граѓаните ќе имаат за што да гласаат за СДСМ на предстојните избори - рече Гордан Георгиев потпредседател на СДСМ на Македонија.
Од општинското раководство додаваат дека позитивниот тренд на прием на нови членови во оваа партија продолжува не само во нашиот град, туку со ваков интензитет се шири и низ другите градови во државата.
СДСМ е сегогаш на страната на општеството во кое владее разумот, а во Куманово има долга традиција и може многу да пружи, бидејќи е партија со прогресивни идеи. Секогаш кога СДСМ владееше воспоставувавме добри релации со меѓународната јавност, а ако настојуваме да имаме економски напредок приоритет е да влеземе во ЕУ и НАТО. Не радува фактот што многу млади луѓе кои вечерва ни се приклучија сфатиле дека нашата политика е онаа која најмногу може да понуди на македонската политичка сцена во моментов - рече Снежана Захариева претседателка на општинската организација на СДСМ.