Се асфалтира улица во Черкези
30.03.2011 14:23
| KumanovoNews
Улицата е во должина од 1600 метри и ќе се гради во две етапи, затоа што има два крака. Едниот е од училиштето до центарот на селото, а втората кон стариот пат за Скопје.

Проектот чини 10 милиони денари, а работите ги изведува градежното претпријатие Хуљуси комерц. Со подобрување на временските услови ќе се започне со интензивна изградба на комуналната инфраструктура и во останатите населни места, а пред се во селата Романовце, Тромеѓа и другите локации предвидени со годишната програма -рече градоначалникот Зоран Дамјановски, кој денеска со своите соработници се увери како се одвиваат работите на терен.