Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се проширува и асфалтира улицата "Поток Серава" во должина од 1,5 километри. Во првата фаза ќе се изградат 700 метри, додека останатиот дел ќе се реализира до крајот на наредниот месец.
Ова е еден од поголемите проекти на патната инфраструктура што локалната самоуправа ќе ја реализира во текот на годината. Целата улица е во должина од 1580 метри. Со нејзино завршување на жителите од околните населби значително ќе им се подобри комуникацијата со градот - рече градоначалникот Зоран Дамјановски, при вчерашната обиколка на улицата за да види на лице место како се одвиваат работите.
Асфалтирањето на оваа улицата ќе чини 11,5 милиони денари, а работите ги изведува градежното претпријатие „Маврово инжинеринг„.