Се чистат речните корита со механизација
23.05.2014 07:29
| KumanovoNews
Се чистат коритата на Пчиња и Крива Река на критичните места каде претходните години имаше излевања на водата.
Механизацијата на Дирекција за заштита и спасување прави насип и го уредува речното корито кај Меморијален центар АСНОМ во Пелинце. Се работи и над мостот во село Коинце, како и во селото Јачинце на критичните точки по текот на Крива Река.
Општина Липково со машини ги чисти коритата на Отљанка и Оризарка.
Механизацијата ќе биде ангажирана и во наредните денови зависно од потребите.