Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска започна чистењето на речното корито на реката Кумановка во населбата Доброшане.
Со багери се отстранува нанесеното ѓубре и се проширува коритото на критичните места. Истовремено се прават насипи по течението на сите реки, а вреќи со песок се поставени на улица “Никола Тесла“ и во населба Средорек. Со тоа се преземени најнеопходните превентивни мерки за заштита од невремето кое се очекува попладнево.
“Општината одвои околу милион денари само за потпишување на договори со фирми, кои се ангажирани да работат по течението на реката Кумановка, Пчиња и Крива река. Јавните препријатија се ангажирани, и тоа го реализираме со сопствени сили во координација со Дирекција за заштита и спасување и кризниот штаб. Од Дирекцијата имаме една машина, а општината има ангажирано 4 машини во моментов, а во преговори сме да ангажираме уште 2 машини“, - изјави Валентина Алсковска, секретар на општина Куманово.
На терен се и дваесетина војници, кои помагаат во полнење на вреќи со песок. Општината има набавено пумпи за испумпување на вода доколку дојде до поплави.
“ Се чистат коритата и на поширокиот кумановски регион и тоа коритото на Липковка кај Шумско стопанство, кај мостот во село Довезенце, кај Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, иако тоа е во друга општина објектот е наш и треба да се заштити“, - Момчило Јовановски, задолжено лице за координирање на кризен штаб.
Циклонот “Давиод“ попладнево ќе ја зафати земјата и ќе донесе поројни врнежи од дожд и ветер.