×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се чисти коритото на Пчиња

    20.10.2010 07:28 | KumanovoNews

    Од вчера започна расчистувањето на коритото на реката Пчиња во Општината Старо Нагоричане.

    Се чисти коритото на Пчиња

     Согласно Акциониот план на Владата за регулација на речните корита во Македонија,на реката Пчиња ќе се интервенира на 4 критични точки кои беа лоцарни за време на поплавите во месецот мај годинава.

    Планирано е расчистување на трите моста Драгоманце, Коинце и Враготурце, каде што најмногу се собираше шут и дрвја и расчистување на делот околу бањата Стрновац. Се врши селективна сеча на дрвјата долж речното корито и се работи на проширување и продлабочување на коритото на Пчиња-изјави Драган Димковиќ, раководител на Дирекцијата за заштита и спасување-подрачно одделение Куманово.

        Општина Старо Нагоричане ќе прави напори за заокружување на целиот проект за регулација на речното корито.

    Ние сме благодарни што Владата ја стави реката Пчиња на приоритената листа за расчистување на коритото.Со оваа акција зимата со обилните врнежи жителите ќе може мирно да ја дочекаат.Ние како Локална самоупрва ќе разговараме со сите релевантни институции за реализирање на еден поголем проект за регулација на коритото со кој трајно би се решил проблемот за спречување од можно излевање и поплави долж тежението на Пчиња-вели градоначалникот на Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ.

    Чистењето на речното користо се врши со механизација на фирмата „Биљановце-промет„ и се очекува акцијата за расчистување на критичните 7 до 8 километри да биде завршена за околу 30 дена.