Се доуредува Градскиот плоштад
26.11.2010 13:07
| KumanovoNews
Вработените во ЈП „Чистота и зеленило„ деновиве работат на уредување на зеленилото на Градскиот плоштад.

Се вадат старите цвеќиња и се обликуваат украсните садници во паркот. Денеска кај фонтаната пред ОНЕ се корнеше тревата во жардињерите и се подготвуваше терен за нови садници. Вработените во јавното претпријатија велат дека го користат убавото време во ноември да работат на хортикултурното уредување на градот.