Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Спортско-рекреативниот центар во Пелинце, во постоечката административна зграда при крај е изградба на анфитеатар. Објектот е наменет за организирање на трибини, семинири, конгреси и друг вид на културни и научни собири.
Покрај претставниците од локалната самоуправа анфитетарот ќе го користат и невладини организации и друштва. Градежните работи треба да завршат наредниот месец по што анфитетрот ќе биде предаден во употреба.
Во постоечката зграда досега се користеше конгресна сала и сметувачки капацитети, а со изградбата на анфитетарот ќе се заврши предвидениот проект.
Истовремено се поправаат и патеките во паркот што неодамна ги однесе поплавата. На терен работата екипи на јавните претпријатија „Водовод„ и „Чистота и зеленило„.
Очекуваме за празникот да има доста посетители и поради тоа се подготвува целиот комплекс. Целта е да се спречи и повторно излевање на реката Пчиња-вели портпаролот Мартин Костовски.