Се конзервира црквата во Младо Нагоричане
Започнаа конзерваторските работи на црквата „Св.Ѓорѓи Победоносец“ во селото Младо Нагоричане. Работите ги изведува Конзерваторски центар - Скопје, при Министерство за култура.

По тој повод денеска во посета дојдоа директорот на Конзерваторскиот центар, Бехиѓудин Шехаби, проект менаџер на Конзерватоскиот центар, Зоран Георгиев и Благоја Пејковски, каде заедно со градоначалникот Миодраг Јовановиќ, ја посетија црквата и изведувачите на работи на истата- велат од Општината Старо Нагоричане.
Исто така, при посетата на Општината било разговарано и за почетокот на работите на црква „Св.Ѓорѓи“ Старо Нагоричане, со проект финансиран од Европската Унија.