Се крпат дупките по улиците
05.11.2010 09:10
| KumanovoNews
Деновиве започна санација на ударните дупли во централното градско подрачје. Екипи на ЈП „Водовод„ работат на улиците „11 Октомври„, „Братство Единство„, „Трета МУБ„ ,булеварот „Октомвриска Револуција„, „Илинденска„, „Трст„ и други.

Ова е редовно одржување на улиците пред почетокот на зимската сезона. Ќе бидат санирани сите оштетувања на најфреквентните улици во градот. Досега за оваа намена се потрошени 5 милиони денари предвидени со програмата- вели Момчило Јовановски, помошник раководител во Секторот за урбанизам.