Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во Куманово се одбележува годишнината од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош.
Пред бистата на Карпош, во дворот на куќата каде е роден, цвеќе положија претставници на боречката организација, локалната самоуправа,политичките партии,невладини организации, градоначалникот, советници и граѓани. За револуционерниот пат на Карпош зборување претседателот на Сојузот на корците Среќко Поповски.
Христијан Тодоровски - Карпош е роден на 3 септември 1921 во Куманово, загинал на 7 февруари 1944 Биљача,Прешевско. Како студент бил член на СКОЈ уште од 1940 година. Поради неговите прогресивни идеи и неговото искрено искажување за Македонското прашање и комунистичките идеали, бил избркан од средното училиште и не му било допуштено да се запише во било кое друго средно училиште во тогашното Кралство Југославија.
Во 1941 учествува во прибирање на оружје и дистрибуција на билтенот "Дедо Иван", кој бил издаван од страна на градската партизанска организација.
Член е на Првиот Кумановски Одред, станува партизан на 11 Октомври 1941 година, потоа член на партизанскиот штаб од Куманово, подоцна се приклучува кон Вториот Јужно Моравски Одред.
Бил убиен од страна на бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во Биљача- Прешевско.