×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа годинешната „Пивтијада„

    20.01.2011 15:08 | KumanovoNews

     Пивтијата во вид на роза е прогласена за најдобро подготвената пивтија на деветтата по ред манифестација што ја организира Мултимедијалниот центар Карпино во чест на празникот Богојавление- Водици.

    Се одржа годинешната „Пивтијада„

     Од десетте натпреварувачки што учествуваа на ,,Пивтијада,, кумановката Роза Поповска ја доби првата награда.

    Со малку фантазија и идеја, а имам специјален калап на роза,ја направив пивтијата. Моето име е Роза па сакав нешто да асоцира на мене и направив славски колач со многу рози, со Исус христос - вели Роза Поповска,победник на манифестацијата Пивтијада

     Жирито имаше тешка задача да избере најдобра пивтија, но донесе исправна одлука.

    Еден од критериумите е дали пивтијата е од месо или е само од желатин,второ дали е бистра,колку е густа,трето каква е по вкус,четврт критериум е аранжманот-Зоран Павловски,организатор на ,,Пивтијада,,

    Традиционалната Пивтијада беше збогатена  со натпревар во најбрзо јадење на пивтии, a се одржа и аукција на слики од ликовната колонија „Карпино„.Годинава Мултимедијалниот центар  подготви околу триста чинии пивтии во кои беа употребени 100 килограми месо. Дел од нив веќе се подарени на манастирот Свети Ѓорѓија во Куманово, а денеска пивтиите ги вкусија и децата од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост.