Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Деновиве се спроведува првата фаза од проектот зонско паркирање и се поставуваат метални столбчиња на тротоарите во централното градско подрачје.
Интензивно се работи на улиците „Илинденска„, „Браќа Рибар„, „Гоце Делчев„, „Доне Божинов„ и сите останати каде што има еднонасочен сообраќај.
Поставуваме заштитни столбчињата за да неможат возачите да се паркираат на тротоарите, и да ги заштитиме пешаците. Оваа фаза е при крај, а наредната активност е обележување на паркинг места, поставување на табли и зонирање по сектори, каде што ќе можат да се паркираат возилата во првата зона- вели Зоран Бојковски, раководител на Службата за паркирање..
Сите активности треба да завршат до средината на месец март, а од први април да започне наплатата на паркингот, откако предходно ќе се остави простор за промоција на зонското паркирање.
Пешаците главно се задоволни што конечно ќе им се отстапи тротоарскиот простор, додека возачите се муртат на ваквото решение на Општината.