Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Триесетина ученици од ромската заедница не ја започнаа новата учебна година во основно училиште „11 Октомври„.
15 од нив доставиле изјави потпишани од нивните родители дека змаинуваат во странство, а другата група немаат никакво објаснување зошто не доаѓаат на училиште.
Не знаеме која е причината за отсуството на овие ученици.Се претпоствува дека едните заминаа поради економаската ситуација на работа во западно-европските држави.Но, имаме и такви кои не можеме да ги контактираме за да добиеме информации што се случува со нив. Во групата отсустни ученици-Роми се од сите одделенија од прво до осмо.За овој проблем известени се надлежните институции - информира Круне Младеновски, директор на ОУ „11 Октомври„.
Инаку според реонизација на учениците намногу ученици Роми има во ова училиште. Оваа година во прво оддление се запишале 40 првачиња од кои повеќе од половината се Ромчиња.