×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се отстрануваат непрописно паркираните автомобили на улицата од „Жмара“ до „Мај маркет“

    02.03.2021 06:48 | KumanovoNews

    Почна отстранувањето на непрописно паркираните возила на уличката од „Жмара“ до „Мај маркет“, на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово. 

    Се отстрануваат непрописно паркираните автомобили на улицата од „Жмара“ до „Мај маркет“

    Екипи на ЈП „Куманово-паркинг“ со асистенција на полицијата, вчера попладне ги подигаше возилата кои се наоѓаа на коловозот и до вечерните часови ја исчистија улицата.

    Граѓаните кои што живеат во овој дела на градот и секојдневно се соочуваат со проблеми при движењето ја поздравуваа одлуката, додека други негодуваа и сметаат дека надлежните требало да ја најават акцијата.

    „Добро е што расчистуваат, но ја спроведуваат акцијата без да ги известат станарите дека повеќе нема да се дозволи паркирање на улицата. Оваa пракса е со години наназад. Инаку, овде е хаос преку ден, добро е да опстојат на одлуката а не да биде кампањска и само неколку дена. Овој простор е узурпиран од автомобили на жителите од околните населби кои работат во другите градови, од фирми кои паркираат камиони и комбиња, а ние нема каде да ги оставиме своите автомобили, затоа мора да се најде решение на проблемот“, - вели станарка од зградите.

    Граѓаните со години наназад бараат од локалната власт да се воведе ред во сообраќајот во оваа населба, а неодамна потпишаа петиција ако нема друго решение, барем да донесат одлука улицата да биде еднонасочна. Ова прашање беше тема и на последната седница на Совет на Општина Куманово.

    Во овој дела на градот, особено во работните денови и претпладне, узурпирана е секоја слободна површина: коловозот, тротоарите, плочниците околу зградите и зеленилото, поради што граѓаните нема каде да се движат, а има застој во сообраќајот на улицата. Тоа не само што ја загрозува безбедноста на пешаците, туку често се заканува да прерасне во физичка пресметка помеѓу возачите кој има предност да помине.

    (С.Н.)