×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се пошуми „Гладно поле„

    31.03.2011 14:28 | KumanovoNews

     Во акцијата "Ден на дрвото-пролет 2011 "  Куманово, Липково и Старо Нагорчане се засадени 120.000 садници на површина од 35 хектари.

    Се пошуми „Гладно поле„

    Aкцијата "Ден на дрвото-пролет 2011 " денеска успешно се реализираше во општините Куманово, Липково и Старо Нагорчане. Во овој регион се засадиа 120.000 садници на површина од 35 хектари. Претходно, екипи од ЈП "Македонски Шуми"-Куманово го подготвиа теренот за непречено пошумување.

     Во месноста "Гладно поле" во акцијата учествуваше заменик министерот за култура Драган Недељковиќ.

    "Оваа е одлична акција каде се вклучени сите граѓани кои сакаат да придонесат за зачувување на животната средина.Се надевам дека акцијата ќе прерасне во регионална"- вели Недељковиќ.

    Во акцијата учествуваа и пратеници, советници, како и градоначланиците на трите општини.

    Освен ученици кои масовно се вклучија во акцијата,учествуваа приватни претпријатија, јавни институции, здруженија на граѓани.

    Во Куманово се сади на локацијата "Гладно Поле"на површина од 15 хектари,исто колку и во општина Липково во селото Оризаре, а пет хектари се садат во општина Старо Нагоричане.

    На површините во кумановскиот регион најманогу се садеше чемперс, црн бор, јасен.По завршување на акцијата,екипи од надлежното претпријатие ќе го проверат теренот.