Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во рамки на проектот за подобрување на меѓуетничката комуникација и соработа, Центарот за меѓукултурен дијалог, работи на имплементација на вон наставни активности за ученици од сите возрасти од основни и средни училишта.
Вон наставните активности се реализираат на тема мултикултурализам со цел да се промовира мултикултурализмот помеѓу учениците од вкучените училишта: „Вук Караџиќ„, „Наим Фрашери„, „Сами Фрашери„ и „Гоце Делчев„.Активностите на мултикултурализам се изведуваат од страна на искусни обучувачи за мултикултурализам од ЦМД, во присуство на наставници од горе споменатите училишта.
Активностите се рализираат во времески период од 15 септември до 15 декември 2010, во просторијата на Multi-Култи работилницата и младинскиот центар. Работилниицте се одвиваат еднаш неделно во времетрање на еден школски час. Целта на овие активности е да се овозможи инситуционална соработка помеѓу училиштата од Куманово, односно помеѓу етничките заедници во Куманово преку реализација на заеднични вон наставни активности. Искуството се пренесува на наставниците за промоцијата на мултикултурализмот преку неформалното образование како алатка за работа -вели Линдита Реџепи.
Друга каратеристика која е специфична за овие активности е тоа што се билингвални, односно се изведуваат на албански и македонски јазик. Работилниците се водени од страна на албански и македонски обучувач. Овој модел на работа директно им овозможува на децата да научат јазик кој е различен од нивниот.
За време на работилниците учесниците се директно изложени на активности кои имаат за цел равој на креативното мислње како и запознавање на културите кои живеаат во Македонија. Равој на заедничко разбирање и толеранција е движечка цел на овие активности.