Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред неколку дена започна реконструкција на регионалниот пат од населбата Долно Којнаре до селото Сопот во должина од 1 километар. Инвестицијата чини 100 илјади евра, а сретствата се обезбедени од буџетот на Агенцијата за државни патишта. Изведувач на работите е ЈП „Македонија пат„.
Овој пат е во многу лоша состојба, оштетен е од поставувањето на тротоарите, канализацијата и водоводната мрежа и поради тоа му е потребна реконструкција. Ќе се врши надградба на патот во должина од повеќе од 1 километар со поставување на асфалт со дебелина од 5 сантиметри.На овој пат ќе се санираат и пропаднатите површини на патотот во делот кај селата Горно Којнаре и Четирце. Според предвидената динамика за работа, доколку дозволуваат временските услови работите треба да бидат завршени за 5 дена - изјави Тихомир Алековски раководител на секцијата –Куманово на ЈП „Македонија пат„.
Агенцијата за државни патишта годинава инвестирал над 40 милони денари во проекти за Северо-источниот регион.
За проектите во Кратово, Куманово, Ранковце, Крива Паланка, Старо Нагоричане и Липково се потрошени 40 милиони денари што претстваува најголемо вложување до сега во овој регион.Во тек е изработката на програмата за наредната година,и можам да најавам дека повторно ќе бидат издвоени поголеми сретства и ќе имаме можност да реализираме уште многу проекти –изјави директорот на „Македонија-пат„ Горан Стојковиќ.
Како напредуваат работите на терен, денеска се уверија и пратениците Дарка Петрушевска, Петар Поп Арасов и Иван Стоиљковиќ, какои претставниците од општинските раководства на ВМРО-ДПМНЕ и ДПСМ.