Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
И.П. (22) од селото Дренак, кој го изврши двојното убиство во населбата Ајдучка Чешма се самоубил.
Полицијата утринава го нашла во една од нивите во близина на куќата на убиените со прострелна рана во главата. И.П. вчера во попладневните часови со неколку куршуми од пиштол ја убил неговата братучетка Сузана Лазаревска затоа што не му дозволувала да биде во љубовна врска со нејзината ќерка Даниела. На убиството најверојатно му предходела расправија поради што тој посегнал по животот на двете жени, а подоцна си пресудил и на него. Полицијата сеуште не излегува со официјални информации за целиот случај.