Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Државна изборна комисија во Куманово, за претседателска кандидатура на Стојанче Ангелов од “Достоинство“ се потпишале 90 граѓани, а за професорката Билјана Ванковска 55 граѓани.
Универзитетскиот професор Хисен Исмаили засега нема ниту еден потпис, а кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски 10.000 потписи собра за два дена.
За увид во избирачкиот список има многу слаб интерес бидејќи и лани имаше избори и повеќето граѓани направиле проверка. Младите електронски проверуваат дали ги има во избирачкиот список - вели Момчило Димковски, раководител на ДИК Куманово.
Граѓаните потпис за кандидатите можат да дадат секој ден од 8.30 до 19 часот до 2 март.
Увидов во избирачкиот список ќе трае до 7 март.