Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Совет за развој на Североисточниот плански регион утре ќе одржи седница на која ќе присуствуваат градоначалниците од Куманово, Крива Паланка, Липково, Старо Нагоричене, Кратово и Ранковце.
На Дневен ред ќе се најдат следниве точки:
1.Извештај за намалување на средства преку Бирото за регионален развој за 2010 година;
2.Усвојување на проектни резултати за проект од 2009 година:
- Студија за потребите од идни инвестиции во водоводна и канализациона инфраструктура во Североисточниот плански регион со критериуми за приоритизација на инвестициите и системи на управување
3. Усвојување на проектни резултати за проект од 2009 година:
- Создавање на предуслови за повисок квалитет на живот: Студија и техничка документација за подабра искористеност на социјална инфраструктира во СИПР
4. Усвојување на проектни резултати за проект од 2009 година:
- Создавање на предуслови за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во регионот преку изработка на техничка документација за патна инфраструктура на ниво на изведбен проект и преку мапирање на постоечката и анализа на потребите од идна патна инфраструктура.
Садницата ќе ја води претседателот на Соверот, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.