Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општината Куманови утре ќе одржи редовна седница.На дневен ред се повеќе точки од урбанизмот и извештаи за работа на општински установи.
1. Извештај за работа на Јавната општинска установа Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово во 2011 година;
2. Финансиски извештај на приходи и расходи за 2011 година на Јавната општинска установа Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово;
3. Годишен Извештај за 2011 година на Фондацијата за културa и спорт ‘‘Куманово‘‘- Куманово;
4. Годишна Програма за 2012 година на Фондацијата за култура и спорт ‘‘Куманово‘‘- Куманово;
5. Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на четвртото тромесечие од 2011 година;
6. Информација за состојбите со децентрализацијата на ЈУ-ОУД ‘‘Професор Мијалковиќ‘‘ – Куманово;
7. Буџетски календар;
8. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. ‘‘Трета МУБ‘‘, дел од Урбан блок 48, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Перо Шварц‘‘, ул. ‘‘Драган Стопаревиќ‘‘, ул. ‘‘Ангел Дуцо‘‘ и пешачка улица – Општина Куманово;
9. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. ‘‘Стари Лозја‘‘, дел од Урбан блок 11, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Доне Божинов‘‘, ул. ‘‘100‘‘, ул. ‘‘200‘‘, граница на наменска зона и крак на ул. ‘‘Доне Божинов‘‘ – Општина Куманово;
10. Предлог - Одлука за разрешување и избор на член на Комисијата за односи меѓу заедниците на Советот на Општината Куманово.