Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бајруш Сејдиу доби затворска казна од 12 години за кривично дело „перење пари и насилство“, за случајот „Пепел 2“, откако со уште 13 лица беа обвинети за малверзации во и стечајните постапки во „КЕН“, „Жито мел“, „Искра инженеринг“ и ЗИК „Сточарство“.
Неговиот брат Наим Сефери кој е во бегство доби 15 години затвор, стечајниот управник Зоран Стојанкиќ 13 години, а останатите десет обвинети добија од две до 10 години затвор.
Сејдиу побарал да му се смени притворот со куќен притвор, бидејќи имал болна жена и мајка. Укинување на притворот побара и Зоран Стојанкиќ, и обвини дека одлуката на судот е политичка. Сепак, Судот одлучил двајцата да останат во притвор до правосилноста на пресудата.
Сејдиу во март, мината година беше осуден на пет години затвор за случајот „Пепел“, но оваа пресуда се уште не е правосилна. Во овој судски процес им се судеше на вкупно 32 обвинети во криминалот со фалсификување на цигари, неплаќање акцизи и злосторничко здружување.
Бајруш Сејдиу повеќе од две години е во притвор во „Шутка“.