Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на минатиот месец во Куманово 15 луѓе се здобиле со убод на крлеж. Сите се полесни случаи и никој од нив не е заболен од лајмска болест.
Лекарите препорачуваат граѓаните при престој во природа да носат облека која ги покрива рацете и нозете, а откако ќе се вратат дома внимателно да го прегледаат телото.
Ако имаат крлеж веднаш да го отстрани медицинско лице. Со пинцета и остри врвови да се фати главата, и со силен потег да се повлече, по што рацете треба да се измијат и местото на убод да се дезинфицира со алкохол- вели Предраг Ѓорѓиевски епидемиолог од Центарот за јавно здравје - Куманово.
Лекарите предупредуваат крлежот да не се вади со жар на цигара или со хемиски средства како и со масло или некоја друга хемикалија. По каснувањето,пет недели да се следи реакцијата на убодот.
Во Македонија досега четири лица се заболено од лајмска болест. Од нив една жена е од Куманово, која болеста ја добила на работа како здравствен работник во Скопје, а не убод од инсект.