×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Селските патишта сечии и ничии

    23.02.2011 08:53 | KumanovoNews

     Така е и со патот во Романовце, помеѓу селата Пчиња - Студена бара - Ново село,       Табановце - Карабичане - Сушево,   Драгоманце - Жегљане - Арбанашко.

    Селските патишта сечии и ничии

    Селските патишта ти се нешто како ничие добиче. Секој го јава, а никој не го зоби! Така велеше еден дедо Милош од Клечовце кога ќе се фатеше муабет за нивниот запустен пат. До укинувањето на општината  овој локален пат од Војник до центарот на Клечовце уште и наликуваше некако на асвалтен пат, се наоѓаа некако пари за крпењето на дупките, а градоначалникот на тогашната Општина дури издејствува средства од централната власт и изгради асфалт од пет километри и до селата Довезенце и Бељаковце. Во меѓувреме се укина општината и се вироса патот од Војник до Клечовце. Целиот е истрескан и полн со дупки. Само еднаш во последните пет години дупките беа пополнети по што на изведувачот на работата шегобијните клечовчани му извадија „болва„ дека им посолил асвалт како посен качамак зашто само по еден-или два месеца врнежите го однесоа материјалот и патот се врати во старата дупка до дупка состојба.

    Шегите настрана, ама селските патишта не се далеку од вистината дека се во константно лоша состојба. Така е и со патот во Романовце, помеѓу селата Пчиња-Студена бара-Ново село, Табановце-Карабичане-Сушево, Драгоманце-Жегљане-Арбанашко. Повеќето ги нема во годишните програми на локалната самоуправа ни на централната власт, макар што и селаните се граѓани на оваа држава и плаќаат даноци. Ќе ги огрее белким малку селските патишта претстојното пролетно сонце. Граѓаните од селата тријат раце на информациите дека ќе има предвремени избори кога ќе се растрча по гласови булдожер-политиката та ќе фрли по некоја лопата асвалт и на селските патишта.