Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Семафорот на раскрсницата на улиците „Гоце Делчев„ и „11 Октомври„,кој често не е во функција го вклучува и исклучува кој сака. Сомневањата на граѓаните дека тоа го прави полицијата за да спречи создавање на долги колони во фреквентните термини, не се точни.
Семафорот е исклучен бидејќи некој си игра со него, го отвора шкафчето со прикинувачи кое се наоѓа на пристапно место и го исклучува. Полицајците неможат постојано да седат до него. Треба да го дислоцира една скопска фирма која го има добиено тендерот од локалната самоуправа, за сервисирање на семафорите. Ние го информиравме претпријатието и чекме да се реши проблемот - објаснува Маријан Павличек, коомандир на сообраќај.
Од собраќајната полиција велат дека семафорот кај Зелениот пазар, повремено го исклучуваат тие, бидејќи со промена на режимот на сообраќајот се создава метеж во пладневите часови.