×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Семејствата на заробените во Либија да пријават во Општината

    24.02.2011 16:32 | KumanovoNews

    По информацијата дека 39 кумановци се заробени во Либија, градоначалникот Зоран Дамјановски ги повикува нивните семејства да пријават во Општината за да се помогне за нивно враќање во земјата.

    Семејствата на заробените во Либија да пријават во Општината

    Тој веќе остварил контакт со српската амбасада во Македонија, каде било договорено преку српската влада да се евакуираат нашите граѓани. Се работи главно за градежни работници, кои нема кој да ги прифати бидејќи Македонија нема амбасада во оваа земја.

    Се договоривме со амбасадрорт Ѓурин, преку српскиот конзулат во Триполи, да се пријават, бидејќи српската држава е расположена да ги евакуира и нашите граѓани. Со авионите и бродовите од Триполи и Бенгази, кога ќе бидат преземени нивните граѓани, ќе можат да дојдат и кумановците. Апелирам до семејствата кои контактираат со своите, да им сугерираат да побараат помош во конзулатот, и од српските служби- вели градоначалникот Дамјановски.

    Градоначалникот вели дека списокот со кумановци ќе биде доставен во српската амбасада, а потоа ќе се предаде на наделжните српски претставници во Либија. За таа цел граѓаните можат да се јавуваат на телефонскиот број 475-832.