Шестнаесет ученици запишани во билингвалната паралелка
03.07.2015 09:36
| KumanovoNews
Во Гимназијата „Гоце Делчев“ во првото и второто пријавување, запишани се 16 ученици во билингвалната паралелка за усовршување на францускиот јазик.

Интересот за запишување во билингвална паралелка секоја година е различен. Во август имаме уште едно пријавување и очекуваме уште деца да се запишат. Со изучувањето на францускиот јазик, полагањето на француска матура, учениците имаат право да аплицираат за работа или студирање во франкофонските земји - вели Горан Димитријевиќ, директор на „Гоце Делчев“.
Првата билингвална паралелка во Гимназијата беше отворена пред повеќе од 10 години.