×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Силна експлозија на небото кај Врање

    13.11.2010 08:25 | KumanovoNews

     Во службата за известување во Врање информираат дека метеорот продолжил кон Бујановац на тромеѓето помеѓу Србија, Македонија и Косово, но не знаат дали тој паднал или се распрснал во атмосферата.

    Силна експлозија на небото кај Врање

     Силна експлозија се слушнала синоќа нешто пред 20 часот во реонот на Грделичката клисура, за која се претпоставува дека е предизвикана од прелет на метеор.

    Српските медиуми објавија дека експлозијата настанала откако метеорот го пробил звучниот ѕид, а информацијата ја потврдиле и од локалниот центар за известување.

     Светлечка топка на небото била забележана во 19.32 минути на неколку места во Јужна Србија. Светлосното тело со голема брзина прелетало преку небото, а потоа се слушнала силна детонација. Во службата за известување во Врање информираат дека метеорот продолжил кон Бујановац на тромеѓето помеѓу Србија, Македонија и Косово, но не знаат дали тој паднал или се распрснал во атмосферата. Од силината на ударот се треселе прозорците на куќите, што вредизвикало вознемиреност кај граѓаните кои во првиот момент мислеле дека се работи за земјотрес.

    Гледав низ прозорецот кога небото над Врање засвете.Како блицеви да светеа и тоа на целото небо над градот.Траеше кратко околу 2 секунди.Веројатно метеор помина со огромна брзина- изјавил еден очевидец од Врање.

    Тресокот се слушнал дури во Ниш, но не е познато дали метеорот го слушнале и забележале и граѓаните на Куманово и регионот со оглед на близината со јужниот дел на Србија.