Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оџачарите се жалат дека сиромаштијата оваа година ги остави без работа, затоа што граѓаните ретко викаат оџачар и сами си ги чистат оџаците.
Оџачарот Бобан Јаневски вели дека дневно во просек чисти по еден оџак, но работа за оџачарите има се помалку иако услугите се ефтини.
“Чистење оџак е од 200 до 600 денари, зависно колку работа има, дали е зграда или куќа. Не е скапо, но граѓаните немаат пари и за да заштедат сами си ги чистат оџаците. Порано беше поинаку. Сите беа вработени, земаа плати, а немаа време за чистење оџак и викаа оџачар. Од ова не може да се живее, и затоа бараме начини, преку лето нешто друго да работиме“ - рече Јаневски.
Најдобро е оџакот да се исчисти во октомври пред почетокот на грејната сезона, за да не дојде до запалување и предизвикување на пожар.
И вториот оџачар кој го консултиравме, Енвер Јашари потврдува дека оџаци граѓаните многу ретко чистат со стручно лице.
“Не паметам кога последен пат ме викнале да чистам оџак. Мојот оџак дома е последен кој сум го чистел. Треба оџак да се чисти секоја година, а не како што прават граѓаните еднаш во 2-3 или повеќе години“ - кажа Јашари.
За неисчистен оџак на граѓаните им следи казна од 500 до 1000 евра согласно законските прописи.